Џамија Бајазид II

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џамија Бајазид IImap
Remove ads

Џамијата Бајазид II (турски: Beyazidye Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Џамијата била изградена во времето на отоманскиот султан Бајазит II. Во моментот се состои од два минариња.

Кратки факти Религија, Припадност ...
Remove ads

Историја

Оваа џамија била изградена во времето на Бајазит II и претставува втора по големина императорска џамија која била изградена во градот по неговото заземање од Отоманците. Претходно, за една од првите џамии кои биле изградени во градот по 1453 година била Фатих џамија, која била оштетена од силен земјотрес. Поради овој податок, Бајазитската џамија денеска има големо историско и архитектонско значење[1].

Remove ads

Архитектура

Thumb
Турбето на Бајазит II и Селџук Хатун

За архитектот на џамијата е малку познато. Се знае дека неговото име е Јакуб Сах Бин султан Сах. Во 1509 година џамијата била погодена од земјотрес, а по ова започнала поправка на нејзината кула. Во времето на Мимар Синан, во текот на 1573 до 1574 година, џамијата била повторно реновирана. Во текот на 1683 и 1764 година, двете минариња биле опожарени. Еден натпис на влезот од дворот сугерира дека поправките на истите била спроведена во 1767 година.

Зад џамијата се наоѓа една мала градина, која содржи турбе или гробница на султанот Бајазит II и неговата ќерка Селџук Хатун, како и на Големиот Визер Коџа Решид паша.[1]. До градината се наоѓаат продавници, чии намена во почетокот била поддршка на џамијата. Поранешните јавни кујни на џамијата биле претворени во библиотека во времето на султанот Абдул Хамид II во 1882 година.

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads