Ортаќој-џамија
џамија во Ортаќој, Истанбул From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ортаќој-џамија (турски: Büyük Mecidiye Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Во превод оваа џамија се нарекува и Големата џамија на Султан Абдул Меџит I. Се наоѓа во реонот Ортаќој во близина на Босфорот. Џамијата била изградена во XVIII век.
Remove ads
Историја
На местото каде денес се наоѓа џамијата, претходно постоела мала џамија (масџид). Денешната џамија била изградена во 1720 година, и таа била уништена за време на Востанието на Патрона Халил во 1731 година[1]. Сегашната џамија, која била подигната на нејзино место, била нарачана од османлискиот султан Абдул Меџид I и била изградена помеѓу 1854 и 1856 година, на урнатините на палатата Џантемир. Нејзините архитекти биле ерменскиот татко и син Гарабет Балјан и Нигоѓајос Балјан (кои ги дизајнирале и блиската палата Долмабахче и џамијата Долмабахче), кои ги дизајнирале во нео-барокен стил[2].
Единствената купола на џамијата првично била изградена со употреба на тули. Како и да е, на куполата се појавиле пукнатини со текот на времето и била готова да се сруши, така што новата купола била реконструирана со употреба на бетон. Во 1894 година, се случил земјотрес кој ја оштетил џамијата, а исто така претрпела помал пожар во 1984 година. Така, во своето време, структурата претрпела голем број работи за поправка и реставрација.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads