Џелали

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads
Remove ads

Џелали револтите претставуваат серија од бунтови кои се случиле во Анадолија од страна на нерегуларни војски кои биле предводени од провинциските управители против власта на Османлиското Царство во 16 и 17 век. Овие востанија избувнале делумно како обид за постигнување на даночни привилегии, но во суштина востанијата биле потикнувани од туркменските племиња кои сметале дека дале голем придонес во создавањето на империјата, па поради тоа и тие сакале да земат активно учество во управувањето. Првиот револт се случил во 1519 година, за време на владеењето на султанот Селим I во близина на Токат. Други слични востанија се случиле во 1526-1528, 1595-1610, 1654-1655 и 1658-1659 година. Немирите биле ставени под контрола во времето на Мурат IV и како такви се најголемите и најдолготрајните во историјата на Отоманското Царство.

Remove ads

Џелали (1519)

Додека Селим I ја водел на египетската кампања, алевитистичкиот проповедник именуван какао Џелал успеал да собере околу 20.000 луѓе во близина на Бозок (или денешен Јозгат) и заминале кон Токат. Кон неговите сили се присоединиле и голем дел од туркменските граѓани. Востанието било задушено кога Селим го испратил бејлербегот на Румелија, Ферхад паша а водачот Џелал бил убиен.

Баба Зунун (1525)

Во регионот на денешен Мерсин, зголемувањето на данокот за земјиштето од страна на локалниот службеникпредизвикале Баба Зумун и други верски водачи да започнат револт против феудалниот систем.

Календар Челебија (1528)

За време на владеењето на султанот Сулејман Величествениот, во време кога во царството доживеа финансиски тешкотии поради воените дејствија, биле зголемени државните давачки. Додека Сулејман бил на воен поход во Унгарија, Календар Челебија успеал да собере армија од 30.000 луѓе. Сулејман го испратил својот везир Ибрахим Паша по кое востанието било крваво задушено.

Литература

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads