Џовани де ло Калво

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Џовани де ло Калвоџеновски пиратски капетан кој влегол во служба под царот Михаил VIII и станал владетел на Анафи и Родос и мега дукс на византиската морнарица.

Џовани бил родум од малиот остров Анафи,[1] но потекнувал, како и останатите платеници на Михаил VIII, од Џенова.[1][2][3] Негови омилени ловишта биле морињата околу Евбоја,[1] иако е познато дека своие дејства ги спроведувал сè до бреговите на Албанија како и областа околу Валона.[4]

Михаил VIII спровел голем напор за освојуање на Егејските острови кои биле под власта на латините, заедно со мега дуксот Алексиј Дука Филантропен и уште еден италијнски одметник, Ликарио. Џовани помогнал во освојувањето на својот роден остров, Анафи, од семејството Фоколо.[5] Михаил VIII го наградил така што го прогласил за осподар на Анафи, но и на Родос во 1278 година, и подоцна бил прогласен како неговиот претходник Ликарио, мега дукс.[2][6][7]

Remove ads

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads