Џорџ Велшки
принц Велшки, најстар син на британскиот престолонаследник Вилијам From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џорџ Велшки (англиски: Prince George of Cambridge); полно име: Џорџ Александар Луис (George Alexander Louis);[б 1] р. 22 јули 2013 ) — син на британскиот престолонаследник Вилијам, Принцот од Велс и неговата сопруга Катерина, принцезата од Велс, внук на кралот Чарлс III и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е втор во редот на престолонаследници по, татко му Вилијам.
Remove ads
Раѓање
Принцот е роден на 22 јули 2013 г,[2] во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.
Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда,[3] Лондон,[4] Нов Зеланд[5] и Канада;[6]. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви,[7][8] а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.[9][10][11][12][13][14]
Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.[15][16][17]
Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.[18]
Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.
Remove ads
Поврзано
- Шарлота Велшка — сестра на Џорџ
- Британско кралско семејство
- Наследен редослед на британскиот престол
Белешки
- Како член на кралско семејство со титула, Џорџ не користи презиме. Доколку тоа се бара, тогаш презимето гласи Маунтбатен-Виндзор (Mountbatten-Windsor).[1]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
