Џорџ Сорос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џорџ Сорос (унгарски: Soros György, англиски: George Soros; роден на 12 август 1930) — унгарско-американски тајкун,[5][6] инвеститор, филантроп, политички активист и автор.[б 1] Тој е претседател на Сорос Фонд Менаџмент. Познат е како „Човекот кој ја урна Банката на Англија“ поради неговата кратка продажба на 10 милијарди долари вредни британски фунти, притоа остварувајќи профит од 1 милијарда долари за време на британската валутна криза во 1992 таканаречена „Црна среда“.[9][10] Сорос е еден од 30. најбогати луѓе во светот.[11]
Сорос е познат поддржувач на американските прогресивни и американските либерални политички цели.[12] Помеѓу 1979 и 2001 Сорос донирал повеќе од 11 милијарди долари за различни филантропски цели.[13][14] Тој играл значајна улога во мирната транзиција од комунизам во капитализам во источна Европа помеѓу доцните 1980. и 1990. години[9] и има дадено голема финансиска поддршка во полето на образованието на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта.[15] Сорос исто така е претседател на фондациите Отворено Општество.
Remove ads
Белешки
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads