Џузепе Парини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џузепе Парини (италијански: Giuseppe Parini, 1729 - 1799) бил италијански поет.

Животопис
Парини е роден во малото место Бозизио.[1]
Творештво
Во 18 век, Парини бил познат сатиричен поет во Италија. Неговото најважно дело е „Ден“ во кое ги исмејува обичаите и навиките на повисоките општествени слоеви во неговото време.[2]
Значење и влијание
Во своето дело „Парини или за славата“, италијанскиот поет Џакомо Леопарди го оценува Парини како еден од ретките Италијанци кои совршеноста на пишувањето ја споиле со длабочината на мислата, со широките познавања и со употребата на философијата. Исто така, според Леопарди, Парини бил човек со единствена чистота на карактерот, милост кон несреќните и љубов кон татковината, искреност кон пријателите, како и со благородност и цврстина на душата во однос на спротивностите на природата и судбината.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
