Авелино (покраина)

покраина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Авелино (покраина)
Remove ads

Покраината Авелино (италијански: Provincia di Avellino) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Има голем број мали гратчиња и села кои се раштркани, и само два града со повеќе од 20.000 жители. Главен град е Авелино и Аријано Ирпино.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Зафаќа површина од 2.792 км2, а населението брои 429.178 жители (2001). Во покраината има 119 општини[1].

Историја

Територијата на покраината Авелино соодветствува на крајот Принчипато Ултра во старото Кралство Неапол, но некои места во денешната територија тогаш припаѓале на Капитаната и Принчипато Читра. Во антиката подрачјето се нарекувало „Хирпинија“ осканскиот збор: „хирпус“ (волк), животно кое и денес живее во областа, но е многу помалубројно. Покраината се одликува со особено интересна природа, особено во регионалните паркови Пичентински Планини и Партенио и местата на Светскиот фонд за природа (WWF) Долината на Кача и Сенеркија, како и подрачјето околу браната Офанто во Конца дела Кампанија.

Во римско време и средниот век, покраината била позната и по кралските градини.

Remove ads

Гастрономија

Карактеристични производи за покраината се лешниците (третина од вкупното производство во Италија), костените од Монтела, познатите вина „Аљанико“, „Таурази“, „Греко“ и „Фјано“, црешите, сирењата и црните тартуфи од Бањоли Ирпино.

Туризам

The main tourist destinations are the Sanctuaries of Монтеверџине и Сан Џерардо а Мајела, скијачкиот центар Лачено, археолошките подрачја Авела и Мирабела Еклано (Екланум), замокот Ланчелоти, римските рушевини во Авелино (Амелинум) и раногристијанската базилика во Прата.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads