Авеста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Авеста — збирка свети книги од религијата на старите Иранци (Парси), кои го задржале учењето на Заратустра (зороастризам). Збирката е создадена уште додека бил жив Заратустра.
Авеста е најсветата книга на зороастризмот, и за неговите следбеници има иста важност како и Библијата за христијаните или Куранот за муслиманите.[1]
Сите зачувани текстови на Авестата потекнуваат од периодот по падот на Сасанидското Царство, од 9 век пр. н. е. до 13 век пр. н. е.
Remove ads
Јазик

Треба да се напомене дека Авеста е напишана со изворниот јазик на Индо-Иранците, т.е. на авестиски јазик, како што се нарекува денес.
Делови од Авеста
Авеста е збир на повеќе целини, и се состои од следниве збирки текстови: Венидад, Висперад, Хорде Авеста, Јасна и Јашт.
Јасна е третата по ред збирка текстови во Авеста, и во неа се наоѓаат молитви што се изговарани при принесување на жртви и во текот на церемонијата јасна.
Јашт е четврта по ред збирка текстови во Авеста, во која се наоѓаат химни (дваесет и две), посветени секоја на по едно од божестава од зороастризмот. Со овие химни им се укажувала чест на сите божествени суштества кои се заслужни за добриот збор, дело и мисла.
Хорде Авеста се состои главно од молитви за врховниот бог Ахура Мазда, но содржи и легенди и митови од персиската прататковина, а Венидад и Висперад содржат религиозни закони и парсиски догми.
Исто така, во Авеста се вметнати итн. фрагменти, делова кои се најдени подоцна, а во кои се наоѓаат разни изреки и совети за добар живот. Понекогаш, фрагментите обично не се наведуваат како дел на Авеста.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads