Автобиографија (Григор Прличев)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Автобиографија (Григор Прличев)
Remove ads

Автобиографија - дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев во кое пишува за неговиот животопис. Делото е напишано во 1884/85 година, но истата е објавена дури цела деценија подоцна, околу една година по смртта на Прличев во 1894 година, од страна на бугарското министерство за народна просвета во Зборник за народни умотворенија, наука и книжнина. Автобиографијата на Прличев претставува последната поголема творба што останала од него.

Кратки факти Автор, Земја ...
Remove ads

За делото

Својата автобиографија Григор Прличев започнал да ја пишува во 1884 година, во времето кога учителствувал во Солунската Гимназија. Иако делото го пишувал цела година, тоа е прилично кратко. Тоа особено се забележува во одредени делови каде се прескокнуваат цели делови од неговиот живот. Сепак, ова дело ни дава јасна слика за борбата на македонските преродбеници против грчката пропаганда и за животот во Охрид во 19. век. И покрај тоа Прличев ја завршил автобиографијата во 1885 година, таа била објавена дури во 1894 година, т.е. по неговата смрт, како дел од зборниците издадени од бугарската влада.[1]

Во автобиографијата се испечатени и три песни на Прличев. Две од овие стихотворби оставиле траен белег на животот во Охрид низ периодот на националното самоосознавање и подоцнежната борба за слобода.[2]

Remove ads

Белешки

^ a. Прличев својата автобиографија ја пишува во Солун помеѓу 1884 и 1885 година. Делото е објавено цела деценија подоцна, во 1894 година од страна на бугарската влада.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads