Авторитаризам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Авторитаризам — форма на општествена организација која се одликува со отфрлање на политичкиот плурализам, употреба на силна централна власт за зачувување на политичкиот статус кво и непочитување на демократијата, поделбата на властите, граѓанските слободи и владеењето на правото.[2][3] Авторитарните режими можат да бидат автократски или олигархични и можат да се засноваат на владеењето на партија или на војската.[4][5] Државите во кои постои нејасна граница помеѓу демократијата и авторитаризмот понекогаш се карактеризираат како „хибридни демократии“, „хибридни режими“ или „конкурентни авторитарни“ држави.[6][7][8]


Во политиката, авторитарна власт е онаа во која политичката моќ е сконцентрирана во рацете на мала група на политичари.[9]
Remove ads
Карактеристики
Авторитаризмот се одликува со високо концентриранa и централизирaна моќ која се одржува со политичка репресија и гонење на потенцијалните противници. Авторитарната власт ги користи политичките партии и масовните организации за да ги мобилизираа луѓето околу целите на режимот [10]. Авторитарната власт донесува произволни закони на штета на владеење на правото, а демократските избори понекогаш се лажирани. Авторитаризмот исто така има тенденција да ги приграби неформалните и нерегуларните центри на моќ, авторитарната власт ги нарушува граѓанските слободи и има мала толеранција за значајната политичка опозиција.
Преку разни инструменти, ваквата власт се обидува да го задуши граѓанското општетство, а политичката моќ ја одржува преку поткрепа и контрола на вооружените сили, бирократскиот систем и создавањето на верност преку различни средства за социјализација и индоктринација [10].
Авторитарни политички системи може да бидат ослабени преку "несовесно исполнување на барањата на луѓето." Тенденцијата да се одговори на предизвиците преку построга контрола наместо адаптација е значајна слабост на авторитарната власт. Бидејќи легитимноста на власта зависи од исполнувањето на потребите на граѓаните, авторитарните влади кои не успеваат да се прилагодат, може да пропаднат.
Авторитарната власт има "неопределен политички мандат" (владетел, владејачката партија или друг орган). Транзицијата од авторитарен систем во демократска форма на владеење се дефинира како демократизација. Џон Дукит од Универзитетот во Јоханесбург, Јужна Африка, укажуваа на врската помеѓу авторитаризмот и колективизмот, тврдејќи дека нивна заедничка одлика е потиснување на индивидуализмот.
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads