Агорафобија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Агорафобија ([αγοραφοβία] Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help); од зборот αγορα — плоштад, пазар, и φοβος — страв) првобитно означувала страв од отворен простор, додека сега под тој поим се подразбира збир на стравови во врска со јавни места, отворен простор и многу луѓе и со мислење дека на такво место после изненадно онеспособување не би можеле да побегнеме или да побараме помош.[1]
Агорафобија сочинува 60% од сите фобии откриени преку клинички прегледи. Почеста е кај жените, а започнува во адолесценцијата или во рана возраст. Пореметувањето често започнува со рекурентни напади на паника, а останатите симптоми вклучуваат напнатост, вртоглавица, поблага форма на компулзивно проверување, преџвакување на идеја (руминатио), страв од губење на разум и депресија. Чест е и страв од височина (акрофобија) или затворен простор (клаустрофобија).
Remove ads
Симптоми
Агорафобија е состојба при која човекот станува нервозен кога се наоѓа на непознати места или каде смета дека има малку контрола. Ваквата нервоза ја предизвикува широк отворен простор, толпа луѓе или патување, дури и на кратки растојанија. При агорафобија, човекот може да добие паничен напад, или едноставно да биде постојано вознемирен, па поради тоа агорафобичарите најчесто остануваат во рамки на познатата околина, или најчесто само дома.[1]
Агорафобијата се дефинира и како „страв на оние кои еднаш веќе имале паничен напад.“[2] Во ваков случај, агорафобичарот се плаши од местото на кое доживеал напад на паника, односно се плаши дека повторно може да доживее напад на паника доколку се најде на истото место, па затоа го избегнува тоа место. Некои што страдаат од оваа фобија не сакаат да излезат од дома.[3]
Агорафобијата опишана на овој начин, е симптом при поставување дијагноза за панично пореметување. Симдромите како што се Опсесивно-компулзивно пореметување или пост-трауматски стрес исто така може да предизвикаат агорафобија. Во основа, секој неоправдан страв поради кој не се излегува надвор, може да го предизвика синдромот.[4]
Агорафобичарите може да се плашат да останат сами дома, што може да доведе до привремено зголемување на нервозата или до паничен напад. Слично на агорафобијата е пореметувањето познато како Танатофобија, односно страв од смртта.
Напад на паника
Пациентите кои страдаат од агорафобија може да доживеат ненадеен напад на паника кога патуваат на места каде не се чувствуваат сигурно. За време на паничниот напад, адреналинот се лачи во големи количества во организмот. Нападот започнува ненадејно, и најчесто трае 10 до 15 минути, односно ретко трае повеќе од 30 минути.[5] Симптомите на нападот на паника вклучуваат палпитации, забрзано чукање на срцето, потење, тресење, гадење, повраќање, вртоглавица, затегнатост во грлото и плитко дишење. Многумина пациенти изјавиле дека во тој момент чувствувале страв дека ќе умрат или дека ќе изгубат контрола врз своето однесување.[5]
Remove ads
Причини
Иако не се познати причините што ја предизвикуваат агорафобијата, некои лекари кои се занимавале со оваа фобија имаат свои хипотези. Истражувањата покажале дека постои поврзаност меѓу агорафобијата и проблемот со просторна ориентација.[6][7] Индивидуалците кои немаат агорафобија се во состојба да направат баланс меѓу информациите од нивниот вестибуларниот систем, нивниот визуелен систем, и нивното чувство за проприоцепција. Но, голем број на агорафобичари имаат слаб вестибуларен систем, па се потпираат само на визуелните и тактилните сензации. Затоа, стануваат дезиориентирани кога визуелните знаци ги нема доволно или се претерани.[8] Исто така, тие може да бидат збунети од искривени или неправилни површини.[8] При истражувањата, агорафобичарите покажуваат оштетена обработка при промена на аудиовизуелните информации, за разлика од луѓето кои не страдаат од оваа фобија.[9]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads