Агоња

From Wikipedia, the free encyclopedia

Агоњаmap
Remove ads

Агоња е поток долг 140 км што минува низ италијанските региони Пиемонт и Ломбардија. Тој е лева притока на реката По.[1]

Кратки факти Агоња, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Thumb
Во близина на Боргоманеро

Изворот на реката е во областа помеѓу езерото Орта и езерото Маџоре во провинцијата Вербано-Кусио-Осола. Потоа се влева јужно во провинцијата Новара и минува покрај Боргоманеро и Куреџо. Реката продолжува да тече јужно покрај Калтигнага и Новара. Реката потоа преминува во провинцијата Павија и во областа Ломелина (во местата Кастело д’Агоња и Ломело) и ја добива својата лева притока Ербогноне. Конечно, реката се влева во По кај Балоса Бигли, дел од местото Мезана Бигли, што е близу до границата помеѓу провинцијата Павија и провинцијата Алесандрија.

За време на освојувањето на Италија од Наполеон, Агоња го дала своето име на провинцијата на Кралството Италија со престолнина Новара.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads