Агријани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Агријани (Граи) — пајонско племе[1] кое воглавно живеело во североисточниот дел на Македонија и јужна Србија.[2][3]. Во времето на Филип II Македонски, територијата на Агријаните била управувана од Пела. Според Тукидид, ова племе ги населувало териториите во горниот тек на реката Стримон (Струма).


Историја
Херодот ги спомнува меѓу племињата што не ги покорил персискиот војсководец Мегабаз (V в. пр.н.е.). Во времето на Филип II, Агријаните биле македонски сојузници. Нивниот владетел Лангар со најдобрите војници му се придружил на Александар Македонски против илирското племе Автаријати, кој во Александровиот поход учествувал под заповедништво на Атал. Како наемници се спомнуваат во војските на Дијадосите (крај на III в. пр.н.е.) во Египет, кај Антигон Досон, Антиох III, но и во војските на последните македонски цареви Филип VI и Персеј (поч. во II в. пр.н.е.). Последен пат се спомнуваат во 169 г. н.е. како војници што се борат за градот Касандреја.[4][5][6]
Познати се двајца нивни кралеви: Лангар и Диплај, од втората половина на IV в. пр.н.е. За време на владеењето на пајонскиот крал Авдолеон (315-286/5 пр.н.е.) ја загубиле својата независност и влегле во состав на Пајонското Кралство.[3]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads