Агрокор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Агрокот (хрватски: Agrokor) - хрватско акционерско друштво во областа на производството на храна и во трговијата, со седиште во Загреб. Во 2017 година, фирмата вработувала 60.000 лица и имала годишен приход во висина од 15% од хрватскиот БДП.[1]

Лого на Агрокор

Операции

„Агрокор“ претставува конгломерат кој поседува дури 24 претпријатија во неколку земји од Централна и Источна Европа, како и на просторите на поранешната СФРЈ. Така, во 2014 година, „Агрокор“ го купил словенечкиот синџир на продавници „Меркатор“.[1]

Финансиски резултати

Пролетта 2017 година избил голем финансиски скандал, кога било обелоденето дека фирмата не може да ги врати земените кредити и не може да ги исплаќа обврските кон своите добавувачи. Претходно, во јануари 2017 година, агенцијата „Мудис“ го намалил кредитниот рејтинг на „Агрокор“ од В2 на В3, а веројатноста за неисполнување на обврската била намалена од нивото В1-PD на B3-PD.[2] Притоа, поради големината на „Агрокор“ и поради неговото значење за хрватската економија, во април 2017 година, хрватскиот Сабор донел специјален закон за регулирање на обврските на „Агрокор“ (Закон за системски важни компании), кој врз таа основа бил ставен под принудна управа со решение на трговскиот суд во Загреб. Со законот било предвидено привремениот управник Анте Рамљак да ја санира фирмата во период од 12 до 15 месеци, а за таа цел била ангажирана познатат меѓународна компанија за преструктурирање „Алварез и Маршал“ (Alvarez & Marshall).[1]

Remove ads

официјално мрежно место

Официјално мрежно место на „Агрокор“

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads