Адам Загајевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Адам Загајевски (полски: Adam Zagajewski; Лавов, 21 јуни 1945 — Краков, 21 март 2021 ) — полски поет, романописец, преведувач и есеист. Во 2004 година бил награден со Нојштадската меѓународна награда за литература, во 2016 со Грифиновата поетска награда за животно дело, во 2017 со Наградата на принцезата на Астурија за литература и во 2018 година со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Remove ads
Животопис
Адам Загајевски е роден во 1945 година во Лавов (од 1 јануари 1946 година дел од Украина), од татко Тадеуш Загајевски и мајка Лудвика Загајевска, родена Турска. Истата година семејството Загајевски било преселено од Лавов во централна Полска во рамките на трансферот на полско население (1944-1946). Тие се преселиле во градот Гливице каде Адам матурирал. Потоа, тој студирал психологија и филозофија на Јагелонскиот универзитет во Краков. Во 1968 магистрирал на психологија, а две години подоцна и филозофија. Работел како асистент на универзитетот за рударство и металургија во Краков.
Во 1967 година го имал своето поетско деби со Музика, поема објавена во магазинот Жиче литерацке (полски: Życie Literackie). Своите дела ги објавува во магазини како Одра (1969-1976) и Твурчошќ (1969, 1971-1973).[1] Во тоа време, се вклучил во книжевното движење Нов бран (Nowa fala), познато и како Генерација 68. Целта на групата било „спротивставување на фалсификувањето на реалноста и присвојувањето на јазикот од комунистичката идеологија и пропаганда“.[2] По потпишувањето на „Писмото на 59-мината“ неговите дела биле забранети од комунистичките авторитети во Полска. Во 1982 година, емигрирал во Париз, но во 2002 година се вратил во Полска заедно со неговата сопруга Маја Водецка и живее во Краков. Член е на Друштвото на писателите на Полска.
Неговото книжевно творештво добило меѓународно признание и било преведено на многу јазици.[1] Претставувајќи го поетскиот лик на лауреатот на Струшките вечери на поезијата 2018, проф. Танушевска од катедрата за славистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје подвлекла: „Адам Загајевски пишува поезија и есеистика во духот на филозофската и културната ерудиција, а неговата лирика со сигурност може да се опише со категориите на современиот класицизам. Наместо јазични игри се служи со т.н. „семантичка прозрачност“, бидејќи самиот смета дека најважната одлика на поезијата е смислата, а не обликувањето на јазикот… Добро е што полската поезија го има Адам Загајевски. Неговиот бел стих, длабок и рафиниран, насочен кон читателот, допира до многу луѓе во светот. Тој е амбасадор на полската поезија и тоа онаа, како што велат „Полјаците“ од „највисоката полица“. Денес, Загајевски е пред сè поет на убавиот, импресионистички и симболичен израз, преку кој сака да ги дофати различните аспекти на човековиот бит“.[3] Јоахим Баер, критичар во „Светската книжевност денес“ (World Literature Today) посочил дека повторените теми на поезијата на Загајевски ги вклучува „ноќта, соништата, историјата и времето, бесконечноста и вечноста, тишината и смртта“.[4]
Remove ads
Библиографија

Поезија
- Известување (1972);
- Месарници (1975); *
- Писмо. Ода на мноштвото (1982);
- Да се патува за Лавов (1985);
- Платно (1990);
- Огнена земја (1994);
- Копнеж (1999);
- Враќање (2003);
- Антени (2005);
- Невидлива рака (2009);
- Асиметрија (2014).
Проза, есеи
- Непретставениот свет (соавтор: Јулиан Корнхаузер) (1974);
- Втора издишка (1978);
- Солидарност и самотија (1986);
- Два града (1991);
- Во туѓата убавина (1998);
- Одбрана на занесот (2002);
- Поетот разговара со филозофот (2007);
- Благо претерување (2011);
- Поезија за почетници (2017).
Remove ads
Награди
- Златен венец на СВП (2018)
- Награда на принцезата на Астурија (2017)
- Грифинова поетска награда (2016)
- Награда Хајнрих Ман (2015)
- Нојштадска меѓународна награда за литература (2004)
- Награда Виленица (1996)
- Награда Кошчелски (1975)
Ордени и одличја
- Командантски крст на редот на Преродена Полска – 2012, за извонредни достигнувања во креативната дејност, како и за публицистичка и издавачка дејност, за заслуги во промовирањето на книжевноста
- Офицерски крст на редот на Преродена Полска - 2007 година
- Бронзен крст за заслуги - 1998
- Златен и бронзен медал за Заслуги во културата Глорија Артис - 2005 година
- Кавалир на редот на Легијата на честа (Франција) - 2016 за ширење на вредностите што ги брани Франција.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads