Аеродром Дортмунд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аеродром Дортмундmap
Remove ads

Аеродромот во Дортмунд (IATA: DTM, ICAO: EDLW) е меѓународен аеродром во Дортмунд, Германија. Слоганот на аеродромот е Näher als man denkt (Поблиску отколку што мислиш). Капацитетот на аеродромот е околу 2,5 милиони патници во 2008 низ аеродромот поминаа околу 2,3 милиони патници.

Кратки факти Аеродром Дортмунд Flughafen Dortmund, Општо ...
Remove ads

Историја

Аеродромот, оригинално започна со сервис во 1925 година, од страна на Aero Lloyd, со летови кон Париз. Заклучно со сезоната 1927/28, аеродромот оперираше 2589 летови годишно. За време на Втората светска војна, аеродромот беше користен како Германска воздушна база, и повремено беше користен од Британските Кралски воздушни сили. Аеродромот беше под контрола на Британските воени сили до 1990.

Слаб почеток

Во декадите по втората светска војна, аеродромите во Диселдорф и Келн/Бон беа доминантни комерцијални аеродроми ви Рин - Рур околијата. Дополнително, аеродромите во Хановер и Оснабрик исто така имаа мал удел во комерцијалниот воздушен сообраќај во тој регион. Комерцијалниот сервис започна повторно во 1979 година со дневни летови кон Минхен, Нирнберг и Штутгарт. По обединувањето на Германија, Дрезден, Лајпциг, Берлин и Лондон беа додадени во списокот на одредишта.

Remove ads

Обнова

При крајот на 2000 година, аеродромот доживува драстично зголемување на авиосообраќајот. Во 90-тите години, сообраќајот најмногу бепе ограничен на неколку одредишта низ Германија, но во денешно време најголем дел од сообраќајот им припаѓа на нискобуџетните компании кои оперираат кон бизнис центри и познати туристички одредишта.

EasyJet го направи аеродромот своја централа, како и Germanwings во 2007 година.

Транспорт до аеродромот

Аеродромот Дортмунд е опслужен со автобус од Железничката станица во Дортмунд.

Иднина

Главниот план ги содржи следниве планови за иднина:

  • Зголемување на работното време до 23:00, со додатен еден час навечер и наутро како исклучок
  • Издолжување на пистата на 2800 метри
  • Проширување на терминалот
  • Подобрување на транспортот до аеродромот
  • Директно поврзување на аеродромот со јавниот транспорт

Авиокомпании и одредишта

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads