Аеродром Катанија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аеродром Катанијаmap
Remove ads

Аеродромо Катанија - Фонтанароса (италијански: Aeroporto di Catania-Fontanarossa) или Аеродром „Винченцо Белини (IATA: CTA, ICAO: LICC) — сместен 5 километри јужно од Катанија, град кој е втор по големина на територијата на Сицилија. Аеродромот е најпрометен во Сицилија како и шести најпрометен аеродром во Италија со 6.400.127 патници во 2013 година.[2] Со цел да се задоволи зголемениот проток на патници, нов терминал беше изграден кој опфаќа 20 порти како и 6 мостови за влаз во воздухопловите.

Кратки факти Аеродром Катанија Aeroporto di Catania-Fontanarossa, Општо ...
Thumb
Внатрешност на аеродромот
Remove ads

Историја

Аеродромот Катанија има интересна историја која датира од 1924 година, кога беше првиот аеродром во регионот на Катанија. Но, кон крајот на 1940 година се увиде дека аеродромот станува премногу прометен, па така се реши да се изгради нов, поголем аеродром, кој започна со работа во 1950 година. По околу 20 години на подем и зголемен проток на патници, во 1981 година аеродромот повторно беше реконструиран, како и во 2007 година кога беше изградена нова терминална зграда.

Remove ads

Паркинг

Аеродромот нуди 1022 паркинг места, од кои 20 паркинг места се резервирани за инвалидизирани лица, краткотраен паркинг може да се најде кај влезовите Т4 и Т5.

Сообраќај

Аеродромот е сместен во близина на автопатот А19, кој ја поврзува Катанија со Палермо и централна Сицилија, како и автопатот Е45, кој ја поврзува Катанија со Сиракуза. Исто така постои и автобус кој нуди превоз до центарот на Катанија и до централната железничка станица во Катанија.

Превозници и одредишта

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads