Акшехир

град и округ во Конија, Турција From Wikipedia, the free encyclopedia

Акшехирmap
Remove ads

Акшехир (турски: Akşehir) — град округ во покраината Конија на регионот Средна Анадолија, Турција. Во 2012 г. округот броел 94.575 жители, од кои 62.054 живееле во самиот град. Познат е како градот во кој живеел Насредин Оџа

Кратки факти Акшехир Akşehir, Акшехир ...
Thumb
Турбето на Насредин Оџа.

Градот е сместен во крајниот дел на плодна низина, на северниот дел од планината Султандаг.[3]

Remove ads

Историја

Во антиката тука постоело населеното место Филомелион, сместено долж големиот грчко-римски пат од Ефес на исток. Познато е дека во него престојувал Цицерон на пат за Киликија бидејќи одовде напишал неколку писма. Гратчето е споменато и во врска со мачеништвото на апостолскиот отец Поликарп Смирнски. Подоцна местото одиграло важна улога во пограничните војни помеѓу Византија и Иконискиот Султанат.

Филомелион станал важен град на Селџуците, а кон крајот на XIV век им припаднал на Османлиите. Се смета дека тука загинал султанот Бајазит I по неговото учество во Битката кај Ангора.[3]

Remove ads

Знаменитости и култура

Меѓу знаменитостите во градот се врбојуваат следниве:

Секоја година од 5 до 10 јули се одржуваат настани во чест на Насредин Оџа.

Поради богатото архитектонско наследство, Акшехир е член на Европското здружение на историски градови и подрачја.[4]

Remove ads

Поврзано

  • Догруѓоз

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads