Алан Маркес Лоуреиро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алан Маркес Лоуреиро
Remove ads

Алан Маркес Лоуреиро (роден на 8 јануари 1991 во Рио де Жанеиро), попознат само како Алан бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Евертон и на бразилската репрезентација.

Кратки факти Алан, Лични податоци ...
Remove ads

Биографија

Класичен централен играч од средниот ред или мецала, со посилна десна нога, опремен со висок квалитет во фазата на стопирање на противничките играчи и физичка сила што го прави еден од најдобрите играчи на светот во враќањето на поседот на топката на својот тим. Умее да освојува простор и да напредува на противничката половина со топката во нозете и поседува одлични технички квалитети. Важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред на светската фудбалска сцена.[1][2][3][4]

Remove ads

Клупска кариера

Мадуреира и Васко да Гама

Тој ја започнал својата кариера во 2007 година, кога дошол во екипата на Мадуреира каде играл шест месеци во младинските категории пред да се пресели на позајмица, во Васко да Гама во 2008 година. Во 2009 година, откако позајмицата му истекла, Васко да Гама решиле да го откупат Алан иако за време на периодот под заем тој не настапил ниту еднаш за првиот тим. Сепак, веднаш по потпишувањето траен договор со Васко да Гама тој бил приклучен меѓу играчите кои го сочинуваат првиот тим. Тој го имал своето деби во Серија Б на 5 септември, за време на првенствениот натпревар против Атлетико Гојаненсе.[5] На 11 ноември, за време на првенствениот натпревар против Кампинесе, го добил првиот црвен картон во својата кариера.[6] За време на натпреварот од Копа Судамерикана против Клуб Аурора го постигнал својот прв гол во професионалната кариера.[7]

Remove ads

Титули

Клупски

Бразил Васко да Гама

  • Серија Б : 1
2009
  • Куп на Бразил : 1
2011

Италија Наполи

2019-2020

Репрезентативни

Бразил Бразил

под 20 години
  • Светско првенство под 20 години : 1
2011
сениорска репрезентација
2019

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads