Албиорикс (месечина)

месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia

Албиорикс (месечина)
Remove ads

Албиорикс е напредна неправилна месечина на Сатурн. Бил откриен од Холман и неговите колеги во 2000 година, и му била дадена привремена ознака S/2000 С 11.[6][7][8]

Кратки факти Откривање, Откривач ...

Албиорикс е најголемиот сателит од галската група на неправилни сателити.

Remove ads

Име

Именуван е како Албиорикс во август 2003 година,[9] „галски џин кој се сметал за крал на светот“.[10] Ова име се наоѓа на натписот пронајден во близина на францускиот град Саблет на кој тој се изедначува со римскиот бог Марс.[11]

Орбита

Thumb
Албиорикс забележан од WISE во 2010 година

Албиорикс кружи околу Сатурн на растојание од околу 16 милиони км и пречникот му се проценува на 32 километри, со претпоставено албедо од 0,04. Вртежниот период, измерен со ИСС камерата на вселенското летало Касини, изнесува 13 часа и 19 минути.[12]

Thumb
Неправилни напредни групи на сателити на Сатурн: Галски (црвено) и Инуитски (сино)

Дијаграмот ја илустрира орбитата на Албиорикс во однос на другите напредни неправилни сателити на Сатурн. Орбиталната занесеност е претставена со жолти делови кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот .

Со оглед на сличноста на орбиталните елементи и хомогеноста на физичките одлики со другите членови од галската група, било предложено дека овие сателити би можеле да имаат заедничко потекло од распаѓање на поголема месечина.[8]

Remove ads

Физички одлики

Неодамна откриените различни бои укажуваат дека може да има голем кратер, по што произлегла друга претпоставка дека Еријапо и Тарвос би можеле да бидат делови од Албиорикс по негов судар (по кој речиси се распаднал) со друго тело.[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads