Алборз
планински венец во Иран From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алборз или „Елбурс“[1] (персиски: البرز) — планински венец во северен Иран што се протега од границите со Азербејџан и Ерменија на северозапад до јужниот крај на Каспиското Езеро, па завршува на запад кај границата со Туркменистан и Авганистан.[2] Највисока планина во венецот е Демавенд (5.610 м), сместена во округот Амол во покраината Мазендеран.
За други значења на поимот, погл. Алборз (појаснување).
Венецот претставува препрека помеѓу Јужнокасписката и Казвинско-техеранската Висорамнина. Широк е само 60–130 км и се состои од седиментна низа со потекло од горен девон до олигоцен. Составен е претежно од јурски варовници врз гранитна основа. Повисоките краишта во екорегионот Елбруска лесостепа, се суви и без многу дрва. Северните падини припаѓаат на каспискиот херцински мешан шумски екорегион и се мошне богати со шуми и вегетација.
Според зороастриските преданија, на овие планини живее вечниот мудрец Пашутан, додека пак зороастриската секта Илмехашнум смета дека венецот е дом на т.н. „Господари на срцето“ (Сехеб е Дилан). Во минатото, ова име го давал на разни подалечни планини: така, имаме Елбрус на Кавказ и Елбариз (Џебал Барез) во подрачјето Керман над Ормускиот Проток.
По планината е наречена и покраината Алборз, сместена веднаш јужно од венецот.
Поради погодните услови, на Алборз има неколку скијачки центри што се вбројуваат меѓу најдобрите на светот.[3] Поважни се Дизин, Шемшак, Точал и Дарбанд.
Remove ads
Поврзано
- Демавенд
- Аламут
- Иранска Висорамнина
- Алборз (покраина)
- Алборз (округ)
- Список на планини во Иран
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads