Албрехт (војвода на Виртемберг)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Албрехт (германски: Albrecht; 23 декември 1865 - 31 октомври 1939) — последниот наследник на Кралството Виртемберг, германски воен командант од Првата светска војна и глава на Домот на Виртемберг од 1921 година до неговата смрт.
Remove ads
Ран живот
Војводата Албрехт бил роден во Виена како најстарото дете на војводата Филип од Виртемберг и неговата сопруга надвојвотката Марија Тереза од Австрија, ќерка на надвојводата Алберт, војводата од Тешен.[1]
Албрехт влегол во армиите на Кралството Виртемберг и Германското Царство во 1883 година, брзо се искачил низ нејзините редови и станал наследник на престолот на Виртемберг.[1]
Во 1910 година, Албрехт присуствувал на погребот на Едвард VII.[2][3] Тој бил трет братучед на Марија од Тек, која била сопруга на кралот Џорџ V.
Remove ads
Прва светска војна
Кога започнала Првата светска војна, VI инспекторатски корпус на војводата Албрехт бил создаден во 4-та армија,[4] со 123 баталјони. Бидејќи кралот Вилхелм II немал синови, Албрехт бил назначен за командант на армијата и бил поставен во Ардените, а Валтер фон Литвиц бил началник на неговиот штаб. Оваа војска тој ја водел до победа заедно со 5-тата армија на престолонаследникот Вилхелм во Битката кај Ардените во август 1914 година. за време на Битката кај Исер. Албрехт исто така командувал со германските сили за време на Втората битка кај Ипрес, каде што за прв пат бил употребен отровен гас во големи размери.[5]
Албрехт бил награден со орден за заслуги во август 1915 година и унапреден во генерал-фелдмаршал во август 1916 година. Новата армиска група војвода Албрехт била ставена под негова команда во февруари 1917 година и тој бил одговорен за јужниот сектор на Западниот фронт до примирјето.
Remove ads
Помеѓу двете светски војни
Албрехт станал претпоставен наследник на Кралството Виртемберг по смртта на неговиот татко во октомври 1917 година, но поразот на Германското Царство во Првата светска војна и абдицирањето на неговиот братучед кралот Вилхелм II од Виртемберг по Германската револуција го спречиле некогаш да се искачи на престолот. Тој станал глава на Домот на Виртемберг по смртта на Вилхелм на 2 октомври 1921.
Албрехт починал во замокот Алтсхаузен. Неговиот син војводата Филип Албрехт го наследил на чело на Домот на Виртемберг.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads