Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола
Remove ads

Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битоламакедонски документарен филм од 1912 година, снимен од браќата Манаки. Филмот е во траење од 4 минути и е сниман во црно-бела техника, без звук.[1]

Кратки факти „Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола“, Режисер ...
Remove ads

Кратка содржина

Филмот започнува со пристигнувањето на Александар Караѓорѓевиќ на битолската железничка станица, при што Караѓорѓевиќ го пречекуваат и го поздравуваат претставници на градот, на војската и на црквата.

Потоа браќата Манаки го следат високиот гостин за цело време на неговиот престој во Битола. Во неколку секвенци делегацијата е снимена како излегува од зградата на Битолската митрополија, како минува низ битолските улици поздравена од насобраниот народ и како присуствува на еден верски обред, церемонија на свечено украсена сцена, околу која има многу насобран народ. По завршувањето на церемонијата, поворката во која, покрај членовите на делегацијата, се и голем број високи свештени лица, минува низ група луѓе и доаѓа до широчината пред битолските касарни каде се врши осветување на темелите на објектот кој треба да започне да се гради, што е всушност и целта на посетата на Александар Караѓорѓевиќ на Битола.

Филмот завршува со мошне краток кадар, на кој Александар Караѓорѓевиќ во придружба на неколку офицери врши смотра на построена чета војници.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads