Александар Кержаков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Кержаков
Remove ads

Александар Кержаков (роден на 27 ноември 1982 , во Кингисеп) — руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач .

Кратки факти Александар Кержаков, Лични податоци ...

Кержаков својата професионална кариера ја започнал во 2001 година како играч на Зенит Санкт Петербург, клубот во кој го поминал најголемиот дел од својата кариера, носејќи го дресот во два наврати (2001-2006 и 2010-2017). Освен за Зенит, Кержаков во својата кариера настапувал уште за екипите на Севиља, Динамо Москва и Цирих.

За руската репрезентација дебитирал во 2002 година и до завршувањето на репрезентативната кариера одигран 91 натпревар и постигнал 30 голови. Во 2014 година, тој го престигнал Владимир Бесчастних и станал најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата, но во 2025 бил надминат од Артем Ѕјуба. Кержаков настапил на две Светски и две Европски првенства.

По завршувањето на играчката кариера, започнал да се занимава со тренерска работа.

Remove ads

Титули

Зенит Санкт Петербург

  • Руско првенство : 3
2010, 2011–2012, 2014–2015
  • Куп на Русија : 1
2009-2010
  • Суперкуп на Русија : 1
2016

Севиља

2006-2007
  • Куп на Шпанија Куп на Шпанија : 1
2006-2007
  • Суперкуп на Шпанија : 1
2007

Цирих

  • Куп на Швајцарија : 1
2015-2016

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads