Александар Коларов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Коларов
Remove ads

Александар Коларов (р. 10 ноември 1985 ) — српски професионален фудбалер, кој настапува за калчолигашот Рома и за репрезентацијата на Србија како лев бек, но Коларов исто така знаел и да одигра на централната дефанзивна позиција.Тој од време на време е заменик капитен на Србија, веднаш после Бранислав Ивановиќ. Тој бил именуван за најдобар фудбалер на Србија во 2011-2012 година.[3][4]

Кратки факти Александар Коларов, Лични податоци ...

Коларов ја започнал својата кариера во Црвена Ѕвезда Белград, но во 2004 година не се пробил во првиот тим, па затоа и се преселил во Чукарички. Две години подоцна, тој се приклучил на белградскиот ОФК Белград пред да се пресели во Серија А со трансферот во Лацио , каде што го освоил Купот на Италија и Суперкупот на Италија во 2009 година. Во 2010 година тој се преселил во Манчестер Сити, со кој освоил две Премиер Лига титули, ФА Куп и Лига Куп.

Коларов го направил своето највисоко меѓународно деби за Србија во 2008 година и оттогаш настапил над 60 пати. Коларов бил член на српската репрезентација на Летните олимписки игри 2008 - на машкиот турнир во фудбал и 2010 ФИФА Светско Првенство.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads