Александар Костоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Костоски
Remove ads

Александар Костоски (роден на 5 март 1988 во Скопје) — македонски кошаркар, поранешен член на македонската машка репрезентација и моментален играч на Пелистер.

Кратки факти Александар Костоски, Позиција ...
Remove ads

Клупска кариера

Младинска кариера

Костоски бил член на младинските екипи на Работнички до 2004 година. Потоа, за сезоната 2004/05, Костоски бил примен, во младинците до 20 години, во францускиот клуб По Ортез. Следната сезона тој бил префрлен во младинците до 21 година на По Ортез.

Во сезоната 2007/08, паралелно со сениорите на Гравелине, Александар Костоски играл и за младинците до 21 година на тој клуб.

Сениорска кариера

За сезоната 2003/04, Костоски бил вклучен во составот на Фершпед Работнички, клуб со кој станал првак во Првенството и Државниот куп.

За сезоната 2006/07, Костоски се вратил во Фершпед Работнички, со кој станал вицепрвак во Првенството. Сезоната 2007/08 ја поминал повторно во Франција, овојпат во Гравелине, каде одиграл неколку натпревари во француската лига, вклучувајќи го и ФИБА ЕвроКупот. За сезоната 2008/09, Костоски повторно се вратил во Македонија и потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во февруари 2009 година, Костоски го напуштил Вардар и се преселил во романски Брашов.[1]

Во јули 2013 година, Александар потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром.[2][3] Во сезоната 2013/14, во тимот на МЗТ Аеродром, Костоски одиграл 14 натпревари во Јадранската АБА лига, каде имал просек од 5,1 бода, 1,7 скока и 2,5 асистенции. Во Еврокупот, на 10 натпревари, тој имал просек од 7,8 бода, 1,1 скока и 2,5 асистенции, а во македонското првенство одиграл 15 натпревари на кои имал просек од 3,5 бода, 1,3 скока и 1,6 асистенции. По една сезона помината во МЗТ Аеродром, Александар Костоски како позајмен играч се вратил во КК Куманово, каде претходно играл од 2011 до 2013 година.[4][5] Со Куманово во 2015 година, станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.[6][7] Следната сезона тој повторно бил вицепрвак со Куманово, повторно губејќи од МЗТ во финалето. За сезоната 2016/17, Костоски ја продолжил соработката со Куманово 2009.[8][9] Во декември 2016 година, Костоски потпишал за романски Питешти.[10][11] Во јуни 2017 година, тој потпишал нов едногодишен договор со Питешти.[12] За сезоната 2018/19, Костоски се вратил во Македонија и се преселил во редовите на Гостивар.[13][14] Костоски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[15][16] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[17][18]

Remove ads

Репрезентативна карирера

Во квалификациите за Европското првенство 2015, Костоски постигнал 53 бода на шест натпревари, т.е. 8,8 по натпревар.[5] За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, тој остварил најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 49 бода на пет натпревари (9,8 по натпревар).[19]

Во февруари 2019 година, Костоски ја обзнал јавноста дека се повлекува од македонската репрезентација.[20][21]

Remove ads

Успеси

Титули

Македонија Работнички

Македонија МЗТ Аеродром

Признанија

  • Најдобар млад кошаркар за 2006 година[22][23]
  • Најмногу подобрен играч на сезоната 2006/07[24]
  • Најдобар млад кошаркар за 2008 година[25][26]
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2013[27]
  • Eurobasket.com - Бек на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2015/16[28]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16[28]
  • Најдобар домашен кошаркар за 2016 година[29][30]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2018/19[31]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19[31]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[32]

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads