Александар IV

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар IV
Remove ads

Александар IV (323 п.н.е.309 п.н.е.) — крал на Македонија, господар на Азија, фараон на Египет и шаханшах на Персија. Бил син на Александар III Македонски и бактриската принцеза Роксана.

Thumb
Уметничка претстава на Роксана и малиот Александар, со татко му Александар III Македонски

Раѓање

Бидејќи Роксана била бремена кога Александар III Македонски умрел, а полот на детето не бил познат, се јавиле неслоги кај македонската војска во врска со редот на наследување. Додека пешадијата го поддржувала чичкото (полу брат на Александар III) на детето, Филип III Аридеј (кој бил епилептичар и нелегитимен), хилиархот Пердика, командант на елитните коњички придружници, успеал да ги убеди да сочекаат, надевајќи се дека детето ќе се роди машко. Вака двата табора се согласиле Пердика да владее како регент додека Филип би владеел, но само како фигура, без вистинска моќ. Ако детето се родило машко, тогаш тоа ќе стане крал. Александар IV се родил во август 323 п.н.е. неполни три месеци по смртта на татко му Александар III Македонски.

Remove ads

Регенти

По строгото регентство, воениот неуспех во Египет и бунтот во војската, Пердика бил убиен од неговите воени старешини во јуни 320 п.н.е., по што Антипатар станал новиот регент со Трипарадиската поделба. Со себе ја донел Роксана и двата крала на Македонија и се откажал од претензиите кон владеење на Александровата империја, оставајќи ги некогашните покраини Египет и Азија во власта на сатрапи (дијадосите). Кога Антипатар умрел во 319 п.н.е. му ја доделил власта на Полиперхон, генерал кој им служел на Филип II и Александар Македонски, и нивиот наследник, прескокнувајќи го синот Касандар.

Remove ads

Граѓанска војна

Касандар се осојузил со Птоломеј I Сотир, Антигон I Едноокиот и Евридика III, амбициозната жена на Филип III, и прогласил војна против регентството. Полиперхон се осојузил со Евмен и Олимпија.

Иако отпрвин Полиперхон бил успешен во заземање на грчките градови, неговата флота била уништена од Антигон во 318 п.н.е. Кога, по битката Касандар зазел полна власт врз Македонија, Полиперхон морал да пребега во Епир, заедно со Роксана и младиот Александар. Неколку месеци потоа, Олимпија успеала да го убеди нејзиниот роднина Еакид да изврши инвазија на Македонија заедно со Полиперхон. Кога Олимпија отишла на полето, војската на Евридика одбила да се бори против мајката на Александар и преминале на страната на Олимпија, по што Полиперхон и Еакид повторно ја зазеле Македонија. Филип III Аридеј и Евридика биле фатени и погубени на 25 декември 317 п.н.е., оставајќи му го кралството на Александар IV, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.

Следната година Касандар се вратил (316 п.н.е.), повторно освојувајќи ја Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека кралот и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол под надзор на Главкиј. Кога општиот мир помеѓу Антигон, Птоломеј I Сотир и Лизимах ставил крај на Третата војна на дијадосите во 311 г. п.н.е., мировниот договор ги признал правата на Александар IV и било јасно кажано дека тој ќе го наследи Касандар кога ќе стане полнолетен.

Смрт

Thumb
Гробница на Александар IV во Кутлеш

По мировниот договор, бранителите на Аргеадите почнале да изјавуваат дека Александар IV треба сега да има полна моќ и дека повеќе нема потреба од регент. Одговорот на Касандар бил дефинитивен: за да си ја обезбеди власта, во 309 п.н.е. му наредил на Главкиј да изврши таен атентат врз 13-годишниот Александар IV и неговата мајка Роксана, во затворот во Амфипол. Така и двајцата биле отруени.

Александар IV, е последниот македонски крал од династијата на Аргеадите.[1][2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads