Александра Гашева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Александра Гашева - Цана ( 1922 во Велес) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Била член на СКОЈ од пролетта 1941 година. Организирала младинки да плетат топла облека за илегалците, кои во тоа време престојувале во Велес. Во летото и есента 1941 година растурала пропаганден материјал кој се чувал кај неа дома. Чувала илегалци и партизани кои ги префрлувала од едно до друго место. Вршела ѝ курирска работа. При блокадата на Велес на 15 мај 1943 година во извршениот претрес во нејзиниот дом најден бил санитетски материјал и бомби. Веднаш била затворена и интернирана во селото Т'зово, Видинска околија - Бугарија. Со враќањето од интернација, чувала и префрлувала од едно до друго место партизани и илегалци. Од пролетта 1944 година работела на мобилизацијата за Партизанските одреди. Од крајот на август 1944 заминала во единиците на НОВ како санитетка, во Осмата велешка бригада.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads