Александров мозаик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александровиот мозаик, или Битката кај Ис, е римски поден мозаик откриен во куќата на Фаун во Помпеја, Италија.
Обично е датиран помеѓу ок. 120 и 100 година п.н.е.[1] и ја прикажува битката помеѓу војските на Александар Велики и Дариј III од Персија.[2] Ова уметничко дело е комбинација на различни уметнички традиции како што се италски, хеленистички и римски. Мозаикот се смета за „римски“ врз основа на поширокиот контекст на времето и неговата локација во тогашната Римска Република.[1] Оригиналот се чува во Националниот археолошки музеј во Неапол. Се смета дека мозаикот е копија на постаро дело од доцниот 4ти или почетокот на 3-от век п.н.е., кое можеби било изработено од Филоксен или Апел од Кос.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads