Алексиј II Комнин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алексиј II Комнин (грчки: Αλέξιος Β’ Κομνηνός, Alexios II Komnēnos) (10 септември 1169 – октомври 1183, Цариград), Византија (1180–1183) — син на владетелот Мануел I и Марија Антиохиска, ќерка на Рајмунд, антиохиски принц.[1] Тој бил долго очекуваното момче и бил именуван Алексиј за исполнување на пророштвото „АЈМА“.
Remove ads
Владеење и смрт
За време на смртта на Мануел во 1180, Марија, којашто станала калугерка под името Ксена, ја заземала позицијата на владеење (според некои историчари). Таа го оттргнала нејзиниот млад син од моќ, доверувајќи му ја на Алексиј (братучед на Алексиј II) титулата „протосеваст“, кој се верувало дека е нејзин љубовник. Пријатели на младиот Алексиј II се обиделе да состават дружина против царицата и протосевастот. Полусестрата на Алексиј II по име Марија, жена на Цезар Џон, предизвикала немири на улиците на главниот град.
Нивната дружина била поразена на 2 мај 1182, но Андроник I, прв братучед на царот Мануел, ја искористил шансата за придобивање на круната поради нестабилноста. Влегол во Цариград, така што примил речиси божествени почести и ја отстранил владата. Неговото пристигнување било прославено со масакрирање на 80,000 латини во Цариград, посебно венециските трговци, на кое му немало престан. Тој дозволил Алексиј II да биде крунисан, но бил одговорен за смртта на повеќето млади бранители на царот, вклучувајќи ја неговата мајка, неговата полусестра и Цезар, а исто така не му дозволил да говори за јавните односи.
Свршувачката во 1180 на Алексиј II со Ана Француска, ќерка на Луј VII Младиот и неговата трета жена Адела Шампањска и во тоа време деветтото дете, не било проследено со нивниот брак. Андроник тогаш бил формално прогласен за ко-владетел пред толпата на терасата на црквата „Арслан Хане“, и не многу подоцна, под изговор дека споделеното владеење е витално за империјата, направил Алексиј II да биде удавен со јаже од лак во октомври 1183. За време на владеењето на Алексиј, Византија била окупирана од кралот Бела III, резултирајќи со губење на Срем и Босна и потпаѓајќи во рацете на Унгарија во 1181. Подоцна дури и Далмација била освоена од Венецијанците. Арслан II ја окупирал Византија при опсадата на Ќутахија, резултирајќи со губење на Ќутахија и Созопол.
Remove ads
Опишан во фикција
Алексиј е лик во историската новела „Ана Француска“ (1980) од грчкиот писател Костас Кирјазис. Во новелата се раскажува за настаните кои се случиле за време на владеењето на Мануел I, Алексиј II и Андроник I, низ очите на Ана.
Поврзано
- Псевдо-Алексиј II
Белешки
Литература
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
