Алесандро Скарлати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алесандро Скарлати (2 мај 1660 - 24 октомври 1725 ) е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската „опера серија“ (сериозна опера), составени од последователно нижење на лирски арии и речитативи. Попознати дела: „Розуара“, „Пир и Деметриј“, „Митрадат Евпатор“ и др. Ја утврдува триделната арија да капо, го установува типот на италијанската оперска увертира, којашто се состои од три дела: брз, бавен, брз. Автор е на околу 700 кантати, 200 меси, 20 оратории и други музички творби. Татко е на двајца други композитори, Доменико Скарлати и Пјетро Филипо Скарлати.
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Поврзано
- Доменико Скарлати — син
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
