Алес (Сардинија)
гратче во Сардинија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алес (италијански: Ales, сардински: Alas) — мало гратче во покраината Ористано на островот Сардинија во Средоземното Море. Сместено е на источните падини на планината Арчи и брои околу 1.600 жители. Во близината се ископува опсидијан, што претставува единственото наоѓалиште на овој минерал на островот.
Заедно со Тералба, местото ја сочинува Алешко-тералпската епархија, со седиште во катедралата „Св. Петар и Павле“, која е воедно и најголемата знаменитост во гратчето.
Најблизок меѓународена аеродром е оној во Каљари, на растојание од 70 км.
Алес е родно место на Антонио Грамши (1891-1937) — истакнат марксистички мислител, деец и основач КПИ.
Remove ads
Маала
Местото има повеќе маала:
- Албаџара
- Вила Верде
- Гоносно Марубиу
- Куркурис
- Моргонџори
- Палмас Арбореја
- Пау
- Санта Џуста
- Узелус
Поврзано
- Алес (Франција)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads