Алмаз Ајана

етиописка атлетичарка From Wikipedia, the free encyclopedia

Алмаз Ајана
Remove ads

Алмаз Ајана Еба (родена на 21 ноември 1991 г.) е атлетичарка на средни патеки од Етиопија која е специјализирана на трките на 3000 и 5000 метри. Таа го освоила бронзениот медал на трката на 5000 метри на Светското првенство 2013 одржано во Москва, Русија. На Светското првенство 2015, таа го освоила златниот медал на трката на 5000 метри со време од 14:26.83, поставувајќи нов рекорд на првенствата.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...

Првиот сениорски медал во кариерата, Ајана го освоила на трката на 5000 метри на Африканското првенство 2014 во Маракеш, победувајќи ја фаворитката Гензебе Дибаба со нов рекорд на африканските првенства од 15:32.72.[1] Еден месец подоцна на истиот стадион, таа победила на трката на 5000 метри настапувајќи за Африка на Континенталниот куп.[2]

Ајана истрчала свое најдобро време во кариерата од 14:14.32 на трката на 5000 метри на митингот од дијамандската лига во Шангај во 2015,[3] со што го поправила претходниот сопствен рекорд од 14:25.84 кој го поставила во Париз во 2013.[4] Со ова време таа станала третата најбрза атлетичарка на оваа делница, веднаш зад сонародничките Тирунеш Дибаба, која е светска рекордерка, и Месерет Дефар.

Remove ads

Лични рекорди

Повеќе информации Дисциплина, Резултат ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads