Амбелокипи (Солунско)

населба во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Амбелокипи (Солунско)map
Remove ads

Амбелокипи (грчки: Αμπελόκηποι) — населба северозападниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 35.846 жители (2021).

Кратки факти Амбелокипи Εύοσμος, Земја ...
Remove ads

Историја

Населбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени 102 грчки семејства, и тоа 43 од Мала Азија, 32 од Источна Тракија, 20 од Источна Румелија (Бугарија) и 7 од Понд.[2] Во 1928 г. населението пораснало на 216 семејства со вкупно 860 жители,[3] а според други извори на 634 жители.[2]

Во центарот на населбата во 1926 г. е подигната црквата „Св. Ефимија“, но потоа на истото место (почнувајќи од 1931 г.) е изградена црквата „Живоносен Извор“ во која се чува византиската икона на Богородица Патеводителка донесена од доселениците како реликвија.[4]

На почетокот на 1934 г. кон Амбелокипи се присоединети помалите доселенички населби Епталофос, Каистри, Педи и Маргарити кои дотогаш се воделе како одделни.[2] Поради близината до Солун, населбата продолжила да расте. Во 1954 г. Амбелокипи добил статус на градска населба.

Remove ads

Знаменитости

Цркви
  • „Живоносен Извор“
  • „Св. Пантелејмон“
  • „Воскресение Христово“
Друго

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads