Амурче
видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амурче (Чебачок) (Pseudorasbora Parva),(Stone moroko) е риба кои припаѓа на ципринидно семејство, родена во Азија, но била воведена и сега се смета за инвазивен вид во Европа и Северна Америка . Големината на рибата ретко е над 8 см. и обично од 2 до 7,5 см.[2]
Remove ads
Инвазивни видови
Рибата била воведена во 60-тите години на 20 век во езерца во Нусет, округот Дамбовиша, Романија и се пробила во Дунав, а потоа се проширила низ цела Европа. Таа претставува опасност за другите видови . Таа е носител на паразити ( Sphaerothecum destruens [3] ) што не му штети на човекот, но напаѓа други риби кои не можат да се мрестат и имаат поголема смртност кога се заразуваат.[4] Тие исто така се хранат со јајца од локално вредни домородни видови риби.
Видот неодамна е откриен и во неколку езера во Велика Британија каде се верува дека бил нелегално порибен. Ова бараше голема програма за искоренување организирана од Агенцијата за животна средина, која ги убива рибите со пицициди .
Remove ads
Опис и распространетост
Амурчето припаѓа на семејството Cyprinidae. Амурчето има вретенесто и издолжено тело прекриено со релативно големи лушпи. Грбната страна е со сивоцрна боја, страните на телото сребрени, а абдоменот со бела боја. Странично, по средината на телото се наоѓа темно-сива линија, од главата до почетокот на опашката. Главата му е сплескана од горната страна а устата свртена нагоре. За време на мрестот, покрај рожестите израстоци на главата кај мажјаците, се појавуваат големи промени во боите на телото кај двата пола. Двата пола ја губат страничната линија. Женската популација добива светлозеленкасти нијанси на грбот, а страните остануваат сребренобели. Машката популација добива црна боја на грбот, главата и перките. Црната боја е најизразена на ивиците од лушпите и посебно ги нагласува. Од сраните на телото добива потемна нијанса на сива боја. Во Европа е донесено во шеесеттите години од минатиот век, со подмладок на амур за порибување на води во Румунија. Во Србија за прв пат е евидентиран во 1975 г. Во Република Македонија, евидентиран е во река Вардар и некои притоки. Во Охридско Езеро прв пат е евидентиран од срана на рекреативни риболовци во 2000 година.[5]
Remove ads
Основни биолошки одлики
Амурчето полова зрелост достигнува на една до две година дена старост. Се мрести при крајот на пролетта и во лето кога тепературата на водата ќе надмине 16 о Ц. Женските единки полагаат околу 3 000 зрнца икра на однапред подготвено и исчистено место, најчесто под некој камен, корења или некое друго засолнето место. Полагањето на икрата е порционо, во неколку наврати. Машките единки го чуваат гнездото и покажуваат голема агресивност доколку и поголема риба се приближи во близина на гнездото. Амурчето е инвазивен вид кој веќе прави одредени штети и негативно влијае на популациите на другите ципринидни видови. Амурчето е агресивна и алчна риба која често во својата исхрана вклучува и икра на други видови со што влијае на намалување на популациите на крап, чија икра најчесто ја консумира. Максималната должина која ја достига во Охридското Езеро е околу 10 см. Се задржува на секакво дно со богата вегетација. Се хранат со планктон, ларви од инсекти ракчиња како и со икра од други риби. Користи и растителна храна.[5]
Значење
Нема никакво риболовно значење. Поради неговото негативно влијание на густините на автохтоните популации на риби потребно е изловување на овој вид од водите на Охридското Езеро.[5]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
