Амфихидромна точка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амфихидромна точка — точка со нулта амплитуда на еден хармониски елемент на плимата.[1] Плимниот распон (амплитудата, разликите во висината меѓу плимата и осеката), за тој хармониски елемент се зголемува со зголемувањето на растојанието од амфихидромната точка.[2] Овие точки понекогаш се наречени плимни јазли.
Поимот „амфихидромна точка“ потекнува грчкиот збор „амфи“ (околу) и „дромос“ (трчање), кое се однесува на кружното движење на плимите околу точките.[3]

Амфихидромните точки настануваат под дејство на Кориолисовиот ефект во заедништво со океанските котлини, морињата и заливите создаваат бранов модел, познат и како амфихидромен систем, кој ротира околу амфихидромната точка.[2][5] Кај амфихидромните точки на провладувачкиот плимен елемент, скоро и да нема вертикално придвижување под дејство на плимата и осеката. Постојат плимни струења бидејќи нивото на површината на водата е различно на секоја од страните од амфихидромната точка. Се создава посебен амфихидромен систем за секој периодичен елемент на плимата и осеката.[6]
На повеќето места M2 е најголемиот (полудневен) плимен елемент, со амплитуда со големина на половина од целата плима. За овие точки важи дека истовремено постигнуваат плима и осека. На сликата, осеката задоцнува или предничи за 1 час и 2 минути од соседната линија. Каде што овие линии се сретнуваат се наоѓаат амфихидромните точки и плимите и осеките ротираат околу нив; на пример, вдолж чилеанското крајбрежје и од Јужно Мексико до Перу, плимите и осеките се движат кон југ, додека од Калифорнискиот Залив до Алјаска се движат кон север.
Remove ads
Амфидромни точки при M2 плимниот елемент
Врз основа на придружната слика, амфихидромните точки кои ротираат во насока на часовникот се:
- северно од Сејшелите
- во близина на Ендербиевата Земја
- во близина на Перт
- источно од Нова Гвинеја
- јужно од Велигденскиот Остров
- Западно од Галапагос
- северно од Земја на Кралицата Мод
Амфихидромни точки со насока на ротација спротивна од насоката на часовникот се:
- во близина на Шри Ланка
- северно од Нова Гвинеја
- кај Тахити
- меѓу Мексико и Хаваи
- во близина на Заветрените Острови
- источно од Њуфаундленд
- насреде меѓу Рио де Жанеиро и Ангола
- источно од Исланд
Островите Мадагаскар и Нов Зеланд се амфихидромни точки во однос на тоа што плимата се движи околу нив во спротивна насока од насоката на стрелките на часовникот за време од 12 и половина часа, но силината на плимата и осеката на нивните крајбрежја е забележливо поголема.
Remove ads
Поврзано
- Келвинов бран
- Плима и осека
- Теорија на плими и осеки
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads