Амхерст (колеџ)
колеџ во Масачусетс, САД From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амхерст Колеџ (јас/ˈæмərst//ˈæmərst/ AM-ərst) е приватен хуманитарнонаучен колеџ којшто се наоѓа во Амхерст, Масачусетс, САД. Амхертскиот Колеџ е трета најстара високообразовна установа во Масачусетс.[3] Факултетот има исто име со гратчето каде што е сместен, којшто пак го носи името на Лордот Јеф Амхерст. Првично Амхерсткиот Колеџ бил само за машки, сè до 1975. Амхерст е дел од лигата на колеџи попозната како Малата Бршленова Лига.


Амхерст е исклучиво додипломска образовна установа каде што студирале 1,795 студентите во есента 2015.[4] Студентите можат да изберат предмети од 38-те сосредоточени програми на знање при отворен курикулум.[5] Тоа значи дека студентите не мора да исполнат барања за дистрибуција на области, и да учат т.н. суштински предмети, до таа степен што тие дури и можат да создадат свои интердисциплинарни звања.[6] Бруцошите може да запишат напредни предмети, а тие што завршуваат да земат воведни предмети.
Амхерст ги охрабрува сите посветени и заангажирани средношколци да аплицираат, небитно од нивната финансиска состојба, нудејќи дарежлива материјална поддршка. Во апликацијата не се зема в'обѕир можноста на студентот и неговото семејство финански да си допушти едно такво образование, туку пред сè неговата подготвеност, академски и сеопфатно, за ригорозниот образовен процес. Амхерст е еден од малкуте Американски високообразовни установи кои не ја земаат в'обѕир финанската позадина на студентот за домашни но и замеѓунардони студенти исто така, и нудат целосна покриеност на трошоците за студирање[7]. Заради тоа, таму се запишани некои од најдобрите ученици од САД, но и од светот. Студентите на Амхерст се одликуваат со академска екселенција, посветеност кон екстракурикуларните активности, како и дух за позитивни промени.
За класот од 2020, Амхерст примил 8,397 апликации, прифатил 1,149, или 13.7% стапка на прифатеност.[8] За меѓународните студенти, стапката на прифатеност е околу 5% за класот од 2020.
Амхерст е рангиран како втор најдобар хуманитарнонаучен колеџ во земјата од страна на U.S. News & World Report,[9] и 12 од сите американски колеџи и универзитети според Forbes[10] во нивната едиција од 2016г.
Remove ads
Галeрија
Алумни
Иако споредбено мал факултето, Амхерст има доста познати и обзнаени студенти кои студирале таму, вклучувајќи лореати на Нобеловата награда, Крафорд Наградата и Ласкер Наградата. Тука спаѓаат и лауреатите на МекАртур Стипендистите, победниците на Пулциеровата Награда, Националениот Медал за Наука и Националната Награда за Книга. Постојат и студенти кои се здобиле со награди од Филската Академија на САД, и Тони, Греми и Еми Наградите. Во Амхерст се школувале и Претседатели на САД, сегашниот Принц на Монако, два премиера и еден Министер за Надворешни Работи на Грција, четвртиот Претседател на Кенија, еден судија во Врховниот Суд [ ]во САД, тројца претавници во Домот на Претставници, еден американски Поетски Лореат, и пронаоѓачот на банкта за крв; тука спаѓаат и голем број на водачи во областа на науката, религијата, политиката, Мировниот Корпус на САД, медицината, правото, образованието, комуникациите, и на бизнисот, и признати глумци, архитекти, уметници, астронаути, инженери, активистите за човекови права, пронаоѓачи, музичари, филантрописти и писатели.
Remove ads
Список на попознати алумни
Студенти
- Емили Дикинсон (1830-1886), американска поетеса
- Келвин Кулиџ, 30-тиот Американски Претседател и поранешен гувернер на Масачусетс
- Кензот Алберт II на Монако
- Џером де Ботин, претседател на ФК Монако
- Давид Фостер Волес, американски писател
- Џозеф Монкур Марч, американски поет
- Ден Браун, познат романописец, писател на светскиот бест-селер Кодот на Да Винчи
- Џозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија
- Мартин Швартц, трговец
- Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер
- Харлан Кобен, американски писател
- Андонис Самарас, поранешен грчки премиер
- Аделард Годбу, агроном и премиер на Квебек, Канада во 1936, и од 1939 до 1944.
Попознати професори
- Роберт Фрост (1874-1963), американски поет
- Вилиам Таубман, добитник на Пулциеровата Награда во 2004
- Жан-Шарл Дармон, критичар, француска книжевност


Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads