Анадолска Плоча

тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia

Анадолска Плоча
Remove ads

Анадолска Плочаконтинентална тектонска плоча (или потплоча)[1][2] одвоена од Евроазиска Плоча со Северноанадолскиот Расед и Арапска Плоча со Јужноанадолскиот. Најголемиот дел од Турција е сместен на Анадолската Плоча.[3] Најголемите земјотреси во регионот во минатото се случиле на северниот расед. Оној во Ерзинџан од 1939 г. и разорниот земјотрес во Турција и Сирија од 2023 г. се случиле дож Источноанадолскиот избивачки расед каде Арапската Плоча хоризонтално се лизга крај Анадолската.[4][5]

Кратки факти Анадолска Плоча, Вид ...
Thumb
Анадолската Плоча и геолошките образби околу неа

Според Американскиот природонаучен музеј, анадолскиот трансформен раседен систем е веројатно најактивниот во светот.[6] Источноанадолскиот Расед, лево страничен трансформен расед, ја образува границата со Арапската плоча.[7] На југ и југоисток има приближувачка граница со Африканската Плоча. Ова приближување се јавува како набивни образби во океанската кора под Средоземното Море како и во континенталната кора на самата Анадолија. Дејствува и по зоните на подвлекување долж Елинскиот и Кипарскиот Лак. Северниот раб е трансформна граница со Евроазиската Плоча, сочинувајќи ја Северноанадолската Раседна Зона.

Истражувањата покажуваат дека Анадолската Плоча се врти надесно под дејство Арапската која ја турка на запад, а северното движење е спречено од Евроазиската Плоча.[8] Некои плочата ја нарекуваат „блок“ од континентална кора кој сè уште е приврзан за Евроазиската Плоча, но проучувањата покажуваат дека Анадолската Плоча е одвоена од Евроазиската.[8] Денес Арапската Плоча ја притиска Анадолската од исток и ја тера да оди на запад, а Евроазиската од север ја спречува да се движи во накај неа. Африканската Плоча се подвлекува под Анадолската долж Кипарскиот и Елинскиот Лак во Средоземното Море.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads