Анадолски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анадолски јазици — стари мртви индоевропски јазици кои се зборувале на територијата на Анадолија, денешна Турција. Денес не е познато многу за овие јазици, но има зачувано мал број записи и споменици од кои се црпат јазични тези.




Remove ads
Потекло
Анадолската група јазици, најверојатно, е една од првите која се одделила од праиндоевропскиот јазик. Оваа фаза, првата фаза на делење на праиндоевропскиот, се именува или како „индо-хетитски“ или „средноиндоевропски“. Оваа развојна фаза на јазиците се датира од 4 милениум п.н.е. Според Кургановата хипотеза, има две теории за тоа како анадолските говорници стигнале до Анадолија: преку северниот правец од Кавказот и преку западниот правец преку Балканот. Според јазичарите како што се Малори, Стајнер и Ентони, теоријата за Балканот е поверојатна.[1][2]
Remove ads
Исчезнување
По освојувањето на Анадолија од Александар Македонски, регионот потпаднал под силно хеленистичко влијание. Општото мнение на јазичарите е дека анадолските јазици исчезнале до 6 век. Така, анадолските јазици станале првата индоевропска јазична група што исчезнала. Денес се теоризира дека одреден број ерменски зборови имаат директно потекло од некој од анадолските јазици, најверојатно лувиски.
Слабо проучениот исаурски јазик, за кој се смета дека можеби е лувиски дијалект,[3] изгледа е последниот анадолски јазик кој исчезнал. Епиграфските натписи, вклучително и надгробните натписи, датираат од 5 век.[4]
Remove ads
Класификација
Класификацијата која тука е дадена следи груб систем на поделба на оваа јазична група зададен од Роберт Бикс (2010).[5] Овој модел има само една јасно зададена подгрупа, а таа е лувиската.
- Хетитски јазик †
- Палајски јазик †
- Лувиски јазици
- Лидиски јазик †
Симбол: † - мртви јазици.
Во оваа јазична група можеби имало и други јазици кои не оставиле пишани докази. Така на пример, помеѓу јазичарите, има верување дека ликаонскиот и исаурскиот, но и јазиците како што се памфилиски и лутескански (мизиски) се дел од анадолските јазици, но сепак нема докази за да се разработаат.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads