Анализа на финансиските извештаи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кредитна анализа на финансиски извештаи претставува дел од кредитната анализа, којашто вообичаено започнува со анализа на финансиските извештаи на кредитобарателот (биланс на состојба, биланс на успех и извештај за парични текови). Притоа, при анализата на овие извештаи треба да се има предвид дејноста во која клиентот делува, неговата финансиска политика, фазата на стопанскиот циклус и пазарните услови.[1]
Remove ads
Кредитна анализа на биланс на состојба
Биланс на состојба претставува почетна точка во финансиската анализа. Тоа произлегува оттаму што билансот на состојба дава претстава за висината и структурата на средствата, обврските и капиталот, коишто даваат значајни информации за кредитната способност на претпријатието. На пример, од билансот на состојба се добива увид во имотот со кој располага клиентот, т.е. средствата што би можеле да претставуваат обезбедување за кредитот. Понатака, овој извештај ја открива задолженоста на претпријатието, односно дава информации за висината и структурата на обврските. Најпосле, билансот на состојба ја покажува нето-вредноста на претрпијатието, т.е. големината на капиталот како мерка за финансиската моќ и капацитетот на задолжување.[2]
Remove ads
Кредитна анализа на биланс на успех
Билансот на успех ги покажува обемот и структурата на приходите и расходите на претпријатието, чијашто анализа обезбедува важни информации во оцената на неговата кредитна способност. Во тие рамки, анализата на билансот на успехот вообичаено започнува со анализа на приходите од продажба, како основен извор на приходи во работењето на претпријатието. Потоа следува анализа на трошоците, со посебен осврт на трошоците на финансирањето, т.е. расходите за камати за земени кредити, коишто го покажуваат финансискиот товар што веќе го поднесува клиентот и можноста за понатамошно задолжување. [3]
Remove ads
Кредитна анализа на извештајот на паричниот тек
Извештајот за паричниот тек има витално значење во финансиската анализа, зашто дава одговор на две основни прашања: како претпријатието го финансира своето работење и дали тоа остварува доволно парични приливи за уредна отплата на кредитот. Тој открива како се финансира набавката на средствата, за што се употребиле парите од задолжувањето, како се исплаќаат обврските итн. Исто така, овој извештај покажува дали претпријатието правилно го финансира своето работење и дали остварува доволно парични средства од редовното работење за уредна отплата на главницата и каматата на кредитите. [4]
Временска анализа
Временска анализа треба да помогне да се утврдат историските трендови во работењето на претпријатието за да се открие дали со текот на времето доаѓа до влошување или подобрување во работењето. Имено, за правилна оцена на кредитниот ризик не е важна само моменталната финансиска состојба, ниту пак само остварениот финансиски резултат во тековниот период. Затоа, со анализата на финансиските извештаи за неколку години, кредитниот аналитичар треба да добие претстава за тоа каде се движи претпријатието: дали тоа постојано остварува позитивен финансиски резултат, со колкава стапка растат приходите, дали се зголемува капиталот и што се случува со задолженоста.[5]
Remove ads
Споредбена анализа
Релативни показатели и споредбената анализа ја збогатуваат финансиската анализа, зашто им даваат смисла на апсолутните податоци земени од билансот на состојба и билансот на успех. Тие се добиваат така што поединечните ставки од билансот на состојба се ставаат во однос на вкупните средства, а ставките од билансот на успех се изразуваат во однос на вкупниот приход. Така, како релативни показатели вообичаено се изразуваат следниве ставки од билансот на состојба: паричните средства, обртни средства, залихи, побарувања од добавувачите итн. Од друга страна, релативните показатели од билансот на успех се однесуваат на: трошоците за продадените производи, бруто-добивката, нето-добивката, каматните расходи итн. Релативните финансиски показатели можат да се анализираат не само во временска димензија, туку тие овозможуваат да се врши споредба на работењето на клиентот со другите претпријатија или со некои просечни вредности. Во тој поглед, релативните показатели се мошне погодни за спроведување на споредбена анализа, бидејќи се корегирани за ефектот на големината на претпријатијата, т.е. тие обезбедуваат мерки во однос на истата големина.[6]
Remove ads
Проекција на финансиските извештаи
Имајќи го предвид фактот дека анализата на финансиските извештаи на кредитобарателот нуди информации за финансиската положба и работењето на претпријатието во минатото, а клиентот ќе го отплаќа кредитот со идните парични приливи, од него се бара да достави и проектирани извештаи на паричниот тек за следните неколку години, коишто треба да ја покажат способноста на претпријатието да остварува доволно парични приливи за уредна отплата на кредитот. Проектираните финансиски извештаи имаат особено значење кај инвестициските, и воопшто, кај долгорочните кредити каде што претставуваат задолжителен дел од документацијата што се доставува со кредитното барање.[7]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads