Анархокапитализам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анархокапитализам
Remove ads

Анархокапитализам (исто така познат како „слободарска анархија“,[1][2]„пазарен анархизам“[3] или „анархизам на слободниот пазар“[4]) — либертаријанска[5][6] (класично-либерална) и индивидуалистичка[7] политичка филозофија која заговара елиминација на државата во корист на сувереноста на поединецот во слободниот пазар. Творец на поимот е економистот Мареј Ротбард.[8][9]

Thumb
Анархокапиталистичко знаме

Во анархокапиталистичкото општество, чувањето на јавниот ред, судовите и другите „јавни служби“ би пружиле доброволно-основани конкуренти како приватни агенции за заштита, итн., а не би биле финансирани од данок наметнат од страна на установите на монополите - државите; и парите би биле приватни и конкуретни во отворениот пазар. Според анархо-капиталистите, личните и економски активности би биле регулирани според природните закони на пазарот т.е. низ приватни закони и поединечни договори, а не низ политика. Значи „злосторство без жртви“ и злосторства против државата не би постоеле.

Анархокапиталистите заговараат друштво кое ќе се темели на доброволна размена, трговија со приватно сопствеништво и услуги (вклучувајќи ги парите, потрошувачката стока, земјата и капиталните добра), а да би се зголемила личната слобода и просперитет. Тие исто така препознаваат хумаанитарна работа и групни општи аранжмани како дел од доброволната етика.[10] Иако анархокапиталиститесепознати по тоа што тргнуваат од начелата на приватното сопствеништво, често се зборува дека е можно не-државно, јавно или заедничко сопствеништво.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads