Андреј Рубљов
средновековен руски иконописец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Андреј Рубљов ([Андре́й Рублёв] Error: {{Langx}}: invalid parameter: |p= (help) ⓘ, бил Московјанец сликар на икони роден во 1360-тите, кој починал помеѓу 1427 и 1430 година Тој се смета за еден од најголемите средновековен Руски сликари на православна христијанска уметност[1].
Оваа статија се однесува на средновековниот иконописец. За истоимениот спортист, погл. Андреј Рубљов (тенисер).

Remove ads
Животопис
Точниот датум на неговото раѓање не е познат. Како веројатна година на раѓање се зема околу 1360 година, бидејќи во записите за неговата смрт (1430) се споменува дека умрел во длабока старост, што тогаш значело по 60-годишна возраст. Андреј Рубљов се замонашил пред 1405 година и го зел името Андреј. Живеел во манастирот Сергиј Лавра во близина на Москва во заедница на сликари, меѓу кои се познати Теофан Грк и Прохор од Городец. Тоа е познато затоа што неговото име се споменува во списокот на сликари на икони и фрески во Благовештението во Москва. Неговото име е на дното на листата, што значи дека тогаш бил најмладиот сликар во групата. Пишаните записи сведочат дека во 1408 година тој ги насликал (заедно со Данило Черни) ѕидовите на Успенината катедрала во Владимир во 1425–1427 година во Соборниот храм Света Троица во Сергиј Лавра. По смртта на Данило, Андреј насликал фрески во катедралата на Спасителот во московскиот манастир Андроник. Починал во манастирот Андроник на 29 јануари 1430 година[2].
Remove ads
Творештво
Во 1904 година, била откриена неговата икона на Светата Троица од Стариот завет (или Гостопримството на Авраам, веројатно создадена околу 1411 година) и на тој начин започнала ера на истражување на неговото дело. Тоа е единственото дело што може со сигурност да му се припише. Денес оваа икона е изложена во Третјаковската галерија во Москва.
Композицијата на иконата прикажува сцена од Библијата, кога тројца ангели ги посетиле Сара и Авраам (1. книга Мојсеј 18:1-33). Рубљев се концентрираше на прикажување на фигурите на тројцата гости. Пораката на делото е повеќекратна. Тоа е, меѓу другото, апел за единство во време на конфликт меѓу принцовите. Истовремено, тоа е израз на религиозно единство во тројството (Отецот, Синот, Светиот Дух).
Уметноста на Андреј Рубљов е комбинација од две традиции: средновековен монашки подвиг и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите во неговите слики се секогаш спокојни. Со текот на времето, начинот на кој тој сликал станал идеал на црковното сликарство и иконописот.
На Стоглав Сабор (1551) иконографијата на Андреј Рубљев била прогласена за идеална во изработката на црковни слики. Црквата го празнува на 4 јули.
Од 1959 година во манастирот Андроник постои музеј на Андреј Рубљов.
Во 1966 година рускиот режисер Андреј Тарковски го снимил филмот Андреј Рубљов, делумно базиран на животот на Андреј, кој е своевиден споменик на овој уметник[3].
Remove ads
Почитување
- 29 јануари – одбележување на годишнината од неговата смрт
- 12/13 јуни - празник, Синаксис на целиот Манастир Андроников (со Андроник, Саба, Александар, игумени на Москва и Даниел Црниот, иконописец)
- 4 јули - главен празник од списокот на „руски светци на Москва и Владимир“ од Никодим (Кононов),
- 6 јули - Синаксис на сите светци од Радонеж
- „Синаксис на сите светци Московски““ - подвижен празник во недела пред 26 август (РПЦ)
Избрани дела
- Крштевањето на Исус, 1405 година (Баговештение, Москва)
- Благовештение, 1405 година ( Благовештение, Москва)
- Верзија на Богородица Владимирска, ок. 1405 година
- Св. Гаврил, 1408 година (Успение , Владимир)
- Св. Андреј Првоповикан, 1408 година (Успение , Владимир)
- Св. Григориј Богослов, 1408 година (Успение , Владимир)
- Деисис, 1408 (Успение, Владимир) Некои мислат дека ова е дело на Теофан Грк
- Св. Јован Богослов, 1408 година (Успение , Владимир)
- Св. Јован Крстител, 1408 година (Успение , Владимир)
- Спасителот устоличен во слава, Христос пантократор, 1408 година (Успение , Владимир)
- Потресот на пеколот, 1408-1410 (Владимир)
- Вознесение, 1408 година (Третјаковска галерија, Москва)
- Апостол Павле, 1410-ти (Третјаковска галерија, Москва)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads