Анте Велков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анте Велков
Remove ads

Анте Стојанов Велков ( 1926 во Црешево6 ноември 1944 во Чучер) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршување на основното училиште, се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во голем број борби против балистите. По успешно извршените воени операции во близина на Качаничкиот пат, неговата единица зазела позиции над селото Чучер. Оттаму ноќно време вршеле непрекинати акции против германските моторизирани колонии. Во една од тие борби, на 6 ноември 1944 година, храбро загинал на Чучерскиот Рид. Бил пренесен и закопан на селските гробишта во Црешево.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads