Антимилос

From Wikipedia, the free encyclopedia

Антимилосmap
Remove ads

Антимилос (грчки: Αντίμηλος) ― грчки остров на Кикладите, 21 км северозападно од Милос. Административно е дел од општината Милос. Антимилос е ненаселена маса од трахит (висина од 671 м), често наречена Еримомилос (Пустински Милос). Станува збор за вулкански остров и кратерот се уште е очигледен. Античките жители го преобразиле кратерот во отворен резервоар за дожд. На островот живее ретка варијација на обичната коза, наречена Capra aegagrus pictus. Таа е слична, но не иста како критската коза позната како „ кри-кри “ (Capra aegagrus creticus).

Кратки факти Αντίμηλος, Географија ...
Remove ads

Историја

Според толкувањето на ХомероватаОдисеја“, тоа е островот на богот на сонцето Хелиј, каде што придружниците на Одисеј го заклале светиот добиток на богот на сонцето. Претходно, островот бил познат и по името Ефира (старогрчки: Έφυρα)[1] или Ефора (Έφορα, што значи „караула“), бидејќи можело да се набљудува морето од највисоката точка на долги растојанија.

Населување во праисторијата може да се претпостави поради остатоци од ѕидови и врвови од стрели направени од обсидијан пронајдени на островот. Пронајдени се и остатоци од цистерна најверојатно од римско или ранохристијанско потекло.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads