Антихелминтик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Антихелминтик (од анти- и старогрчки: ἕλμινς, romanized: hélmins, hélmins „црв“) или вермицид (од латински vermis "црв“ и -цид што стои за "уништувачки“) — лек за инфекции предизвикани од црви. Најчесто станува збор за супстанци кои специфично го напаѓаат метаболизмот на хелминтите.
Механизми на дејство
Човечките патогени црви може да се поделат на тении (цестоди), цевчести црви (нематоди) и метили (трематоди).[1]
Антихелминтиците делуваат преку закочување на енергетскиот метаболизам на црвите или пак доведуваат до парализа на црвите преку запирање на преносот помеѓу нервните клетки во црвите.
Се разликуваат средства кои се орално биодостапни и можат да се користат кај системски инфекции со црви и средства кои не се апсорбираат од гастроинтестиналниот тракт и затоа се индицирани при наезда на црви во цревата.
Бензимидазолите како мебендазол и албендазол се првенствено ефикасни против цевчестите црви. Ефектот се јавува преку прикачување за микротубулите на црвната клетка со што се нарушуваат процесите на интраклеточен транспорт како на пример преземањето на гликоза. Како резултат на тоа, дигестивниот тракт на црвите дегенерира и тие умираат. Празиквантел е ефикасен против тенија и метили. Празиквантелот ги отвора калциумовите канали во клеточната мембрана на црвната клетка. Калциумот посредува во мускулната контракција. Со навлегување на калциум во клетката доаѓа до трајна контракција на мускулната цевка (спастична парализа) на телото на црвот.
Remove ads
Супстанции
Збирна табела за некои активни супстанции што се користат како антихелминтици:
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads