Анче (Крани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анче — археолошко наоѓалиште во преспанското село Крани. Претставува рибарска населба од хеленистичко време. Се наоѓа на околу 500 м северно од автокампот на летувалиштето Крани,каде со опаѓањето на нивото на Преспанското Езеро, во 1989 година, на површина од околу 300 × 100 м се појавиле повеќе пунктови со остaтoци од објекти. Откриени се 25 простории градени од кршен камен во сувоѕидица, со дебелина од 70 см и зачуван само еден дел од ѕидот. Со заштитните археолошки ископувања се истражени два хоризонта на живеење, од кои едниот е жолт песок - нанос, а вториот слој е песок и глина, сива боја, во кој има фрагменти од керамички садови. Дебелината на овој слој изнесува 10–20 см. Поради појавата на вода не е можно понатаму да се следи. Другата група градби ја сочинуваат 12 кружни јами изградени од големи камени блокови, сувоѕидица. При ископувањето на овие јами не се нашло на културен слој. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]
Remove ads
Поврзано
- Кобел — населба од доцноантичко време;
- Св. Илија — црква и некропола од средниот век;
- Св. Никола — црква и некропола од средниот век;
- Крани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads