Аоре
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аоре (бислама: Aore) е остров во покраината Санма во островската држава Вануату.[1] Островот се наоѓа спроти Луганвил, помеѓу островите Еспириту Санто и Мало. Источно од островот се островите Бокиса и Тутуба. Доминантен јазик на островот е аорејскиот јазик.
Remove ads
Географија
Вкупната површина на островот е 58 км2. Просечната надморска висина на островот е 89 метри.[2][3][4] Островот има тропска клима со просечни годишни врнежи од 3000 мм. На островот често има циклони.
На западниот брег има два залива, Аимбуеј и Порт Бениер. Од Санто е одделен со каналот Сегонд. Покрај јужниот брег на Аоре се наоѓаат малите островчиња: Ратуа со уште две мали островчиња (Малевату) и карпи и островчето Векеса или Пурумамаса.
Remove ads
Туризам
Главни туристички активности на островот се риболов и нуркање. На Аоре има бројни ресорти кои се наменети за туристи, но и за свечени церемонии како свадби и крштевки. Во близина на брегот има и потонати бродови кои се примамливи за нуркачите. Туризмот и плантажите се главни стопански гранки на островот.
Религија
На Аоре е активна адвентистичка црква. На островот има и Адвентистичка академија, која има и образовни цели.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads