Апостол Варнава

From Wikipedia, the free encyclopedia

Апостол Варнава
Remove ads

Апостол Варнава — еден од Седумдесеттемината апостоли и еден од најраните ученици во Ерусалим.[2][3]

Кратки факти Апостол Варнава, Апостол на Антиохија и Кипар ...
Remove ads

Животопис

Варнава е роден на Кипар, од богати родители од Левиевото племе и заедно со Апостол Савле учел кај Гамалиил. Неговото родно име било Јосиф, но апостолите започнале да го викаат Варнава, што значи „Син на утехата“, наводно поради тоа што можел да ги теши човечките души.

Во времето кога апостолот Павле го примил христијанството, еден од првите кој ги покрстил бил Варнава. Потоа, заедно со Апостол Павле и Апостол Марко, Варнава го проповедал евангелието во Антиохија. Според некои извори, тој прв проповедал и во Рим и во Милано. Пострадал на островот Кипар од Евреите, а Марко го погребал на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препишал.[4] Неговиот гроб останал непознат неколку векови. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот Собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основана Кипарската Црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads