Арабаџи Али-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Арабаџи Али-паша (познат и како Бахардирзаде Али-паша; 1620–1693) — кратковремен отомански голем везир во периодот од 1691 до 1692 година. неговиот епитет арабаџи значи „кочијаш“ на турски, и ја означува неговата практика да ги погубуба или изгонува неговите непријатели во ѓубретарска двоколка.[1]

Кратки факти Арабаџи · Бахардирзаде · КадијаАли Паша, Голем везир на Отоманското Царство ...
Remove ads

Почетоци

Тој е роден во Охрид (турски: Ohri; денес Македонија) и имал албанско потекло.[2] Откако бил службеник во повеќе управни служби, тој станува потчиновник на Ќопрулу Фазил Мустафа-паша, кој во тој период бил главен везир. Царството било во опфатено од Големата турска војна. Фазил Мустафа-паша привремено го запрел напредокот на австријците ано бил убиен за време на дејствата при Сланкаменовата битка. Пет дена подоцна, султанот Ахмед II, го назначил Али-паша за нов голем везир.

Remove ads

Како голем везир

Од Али-паша се очекувало да ја командува војската како неговиот претходник и ментор Ќопрулу Фазил Мустафа-паша. Сепак, Али-паша посакувал да остане во главниот град, што пак придонело за бројните порази на отоманската војска. Неговата незаинтересираност за воените походи и жестоките методи (вклучувајќи смртни казни) кон неговите можни противници предизвикало тој да ја загуби поддршката кај султанот. Па така тој бил разрешен од одолжноста на 21 март 1692 година.

Remove ads

Последни денови и смрт

Али-паша бил прогонет во Галиполе (пристаниште на Дарданелите, денес Турција) а подоцна на островот Родос (денес Грција). Сепак, кога пристигнале гласини до султанот во Истанбул дека тој имал планови да се врати (или бунтува), бил погубен на Родос во 1693 година.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads